Завршува мандатот на Кацарска како претседател на Уставен суд
Мандатот на претседателката на Уставен, судијката Добирла Кацарска истекува на втори јуни, а утре ќе се избира нов претседател од редовите на судиите.
Судијката Добрила Кацарска, чијшто тригодишен мандат истекува која до изборот за претседателка на Уставен на 26.11.2020 година, како предлог на Судскиот совет , имала 38-годишен стаж во судството. Како приправник во Општински суд Скопје 1 почнува во 1982 година, веќе од 1984 година е стручен соработник. За судијка е избрана во 1986 година во Основен суд Скопје 1, а претседателка на овој суд е од 2005-2009 година. Во Кривичен оддел за полнолетни лица е од 2009 година, а од 2018 година е распоредена во Одделението надлежно за судење дела од областа на организираниот криминал и корупција.
Претходник на Кацарска беше уставниот судија Сали Мурати, кој порано ја напушти позицијата бидејќи му истече деветгодишниот мандат како судија, за кој немаше право на реизбор.
Кацарска го судеше предметот за настаните од 27 април, и случајот „Тенк“ за начинот на набавка на блиндираниот „мерцедес“, во кој на затворски казни се осудени Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски.
Во денешното нејзино излагање пред медиумите, се осврна на намалениот број на стари предмети од кои некои се чувале и по десетина години.
„Статистиките кои ги водиме покажаа дека има раст на укинати или поништени акти. Имено, во минатото ретко се случувало да се носат одлуки за укинување или поништување. Во овој мандат има 78 одлуки со кои се укинуваат закони и други акти и прописи, додека во делот за поништување се работи за 6 такви одлуки. Станува збор за закони или акти кои се донесени од различни собраниски состави, факт којшто говори за непристрастноста на Уставниот суд.“ - рече Кацарска.
Кацарска потенцираше дека таа заминува од позицијата, со службени патувања сведени на минимум, службената платежна картичка не ја искористила ниту еднаш, нема потрошено ниту еден денар. Од 2020 година од околу 40 милиони денари, во 2024 година буџетот на Уставен суд изнесува 74 милиони денари.
Во моментов судот располага со вкупно девет судии и пополнетост на службата според потребите за работа, а помеѓу останатите вработени, за прв пат имало вработен информатичар. На листата за иден претседател на Уставен се всушност актуелните судии Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.