Завршува ерата на билатерални договори за ограничување на нуклеарното оружје

И покрај несогласувањата дали Договорот Нов СТАРТ (Strategic Arms Reduction Treaty) помеѓу САД и Русија истече на полноќ или ќе престане неговата важност за неколку часа, светот влегува во нова фаза на нерегулирана нуклеарна трка. Додека Москва изразува жалењето поради што не е постигнат нов договор или пак продолжување на важноста на постоечкиот, САД не сакаат билатерален договор и бараат во идните договори за ограничување на нуклеарното оружје да биде вклучена и Кина.

Кремљ денеска соопшти дека Русија ќе продолжи со одговорен пристап кон стратешки нуклеарната стабилност и покрај што истече Договорот за контрола на нуклеарното вооружување.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков наведе дека Договорот Нов СТАРТ, со кој досега се ограничуваше бројот на ракети, лансери и стратешки боеви глави истекува на крајот на денот, додека експертите наведуваат дека Договорот важеше до полноќ.

- Со крајот на денешниот ден престанува тој (Договорот) да има каков било ефект … Договорот се приближува кон крајот, на тоа гледаме негативно и изразуваме жалење, наведе Песков.

Тој додаде дека што понатаму ќе се случува зависи од развојот на настани.

- Во секој случај Руската Федерација ќе го задржи својот одговорен и внимателен пристап по прашањето за стратешката стабилност во областа на нуклеарното оружје и секако, како и секогаш, пред се ќе се водиме од своите национални интереси, посочи Песков.