Завршни зборови за случајот „ДКСК“
Иако беа предвидени за вчера, завршните зборови за случајот „ДКСК“ се одложија за денеска. Во предметот „ДКСК“ е обвинета поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска за оддавање службена тајна и за компјутерски фалсификат.
Во случајот поврзан со „Адитив“, ТЕЦ Неготино, одбраната на првообвинетата Билјана Петровска Мантева во дополнение на доказната постапка изведе доказ документ кој на 18.9.2024г. преку „Вац ап“ комуникација од нејзина страна е препратено до директорт на подружница ТЕЦ Неготино.
Според обвинението, таа оддала тајна од предистражна постапка за корупција за ТЕЦ Неготино. За одбраната со изведување на доказот, обвинението против Петревска-Мантева, комплетно ќе падне.

