Завршни зборови: Обвинетите си префрлаат вина за убиствата на Вања и Панче

Видевски пукаше, Кешишов стражареше, а Манев беше организатор на убиствата на Вања Ѓорѓевска и Панче Жежовски. На завршните зборови првообвинетиот Палевски изнесе како што посочи докази во која ја докажува својата невиност, а потврдува вината на останатите обвинети  за двојното убиство.    

Палевски го обвини Манев дека ја следел Вања. За него и останатите обвинети беа пронајдени траги од ДНК, но за мене нити траг ниту глас.

„Со две вештачења е утврдено дека не сум бил во возилото „рено кангу“, а во обвинението стои дека јас сум бил во „кангуто“ кога е грабната Вања. Нема доказ дека возилото „рено кангу“ било на местото на настан Дупки. Тоа докажува дека исказите на Кешишев и на Манев се лажни.Случајно, единствен од сите обвинети кому во ОЈО на 6.12 му доаѓа идеја да каже дека Палевски слика жртви е токму Манев, кој е докажан сликач на жртви. Од таму му е идејата дека Вања е сликана. Никој не го праша Манев зошто сликата од Панче по една минута од сликањето му ја испратил на Боре Видевски, а не ја испратил на Палчо? - Палевски.

Сведочењето на обвинетиот Манев пак го префли случајот за двојното убиство и надвор од кривичниит суд. Манев за време на завршните зборови посочи дека извесен Зоран Димитров член на Десна вработен во Народна Банка по налог на Палевски, уништил ранец со оружје, со кое биле извршени двата монструозни злосторства. Обвинетелството за кратко по изказот посоченото лице го лиши од слобода.

- Ова е последната коцка од сложувалката. Ранецот е кај член на Десна, вработен како техничко лице во Народна банка, дознав кога Палевски ми се јави од турската граница и ми кажа да му се јавам на Зоран, за тоа што го зел од канцеларијата, како што се изрази Палевски „пакетот“, да го отстрани од кај него, да го фрли или да го уништи, да не може да се најде. Јас немав сознанија дека Палевски планира да убива. Зар би копал три метри дупка и би ја маскирал и покривал со таваници како влезна врата кога би знаел дека грабнатото лице треба да се убие? Не, туку би ископал обичен гроб, рече Манев. 

Одбраната на Палевски пак целиот судски процес го оцени како лош кој започнал и завршил на нечесен начин. Исказите на Манев за уништување на докази по барање Палевски се неоснавани. 

На 25 јуни во среда, во 10 часот во Кривичниот суд ќе биде објавена пресудата за петмината обвинети за грабнувањето и за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, настан кој ја потресе македонската јавност во ноември 2023 година.