Завршна конференција на Блупринт групата за реформи во правосудството

Блупринт групата денеска ќе ја одржи завршната конференција за проектот „За Правда – Следење на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за 2020-2021 година“. Конференцијата ќе се одржи онлајн на Зум платформата.

Блупринт групата за реформи во правосудството е неформална мрежа на граѓански организации во која членуваат Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС), Хелсиншки Комитет за човекови права на Северна Македонија (МХК), Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Институт за човекови права (ИЧП), Институт за европска политика (ЕПИ), Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).

Координатор на Блупринт групата за 2020 година и проектот „ За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021“ е Центарот за правни истражувања и анализи.