Завршија референдумите во Украина за приклучување кон Русија

Москва почна да објавува првични делумни резултати од референдумот кој според руската страна покажува дека над 96 отсто од жителите во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон се за приклучување кон РусијаОва го отвора патот за владимир путин да ги анектира четирите области, по што тој секој обид на Украина да ги врати ќе може да го прикаже како напад врз самата Русија. Гласањата организирани од Москва во четирите окупирани региони во Украина според шефот на НАТО, Јенс Столтенберг се „еклатантно кршење на меѓународното право“.