Заврши средбата Мицкоски - Таравари, разговорите продолжуваат
Без конечна одлука заврши средбата помеѓу Мицкоски и Таравари на која се разговараше дали Таравари има иднина во владината коалиција. Високи владини извори за ТВ24 велат дека во текот на овој месец ќе се знае како понатаму ќе функционира крилото на Таравари од Алијанса на Албанците.
- Заврши средбата во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат, во текот на овој месец ќе се знае иднината за функционирањето на Алијансата на Албанците на Таравари. Мицкоски на средбата ги потврди веќе јавно изнезените позиции. - Владини извори.
Денеска пред средбата, премиерот му порача на Таравари да покажел дали имал образ или не, а исто така потенцираше дека Владата била стабилна и без Таравари. Таравари пак, му возврати на социјалните мрежи, неговата партија не била чамец за спасување и уште еднаш потврди дека стои позади неговата одлука за самостоен настап на претстојните локални избори.
Сепак, извори за ТВ 24 велат дека Таравари веќе со една нога е надвор од Владата, а Мицкоски бара нови кадровски решенија. Според истите извори, петте пратеници од партијата на Таравари, во Собранието понатаму ќе дејствуваат независно.

