Заврши собраниската расправа - на ред гласање
Без поголеми дискусии исцрпена е расправата околу договорот со Фронтекс и неколкуте закони кои денеска беа на собраниската седница.
И додека се очекува да бидат ставени на гласање власта и денеска преку пресконференција од законодавниот дом со порака до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за обвинувањата кои ги изнесоа за договорот и да се одважат да гласаат.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека во собраниските дебати, но и на самите комисии веќе се произнеле околу договорот со Фронтекс и дека во ниту еден момент не кажале дека нема да гласаат иако во дебатите неколку пати ја прашуваа владата на каков јазик претхопдно се потпишувале сите меѓународни договори ако ова го сметаат за успех.
Предлог законот за ратификација на Договорот за европската Агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс покрај матичната Комисија за надворешна политика беше одобрен и од Законодавно правната.
Се поизвесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа на пленарната седница. Со него се овозможува подобра заштита на границите, брзо распоредување персонал и опрема или на странски полициски служби на критични точки при ненадејно брзо влошување на состојбите.