Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија
Foto

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

Завршено е собирањето докази за тешката сообраќајна несреќа на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија и истрагата е при крај. Во моментов се собрани огромен број докази, неопходни за расветлување на објективната вистина, изјави за БТА портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева.

Инцидентот се случи на крајот на ноември, кога автобус со регистрација од РСМакедонија го зафати пожар и овеќе од 40 луѓе, меѓу кои и деца, загинаа. Туристите патуваа од Турција до северна Македонија.

- Она што останува да се направи е да се испрати молба за правна помош до Скопје, со цел да се информираат и запознаат роднините на жртвите. Според бугарското законодавство, тие имаат право да поднесат граѓанска тужба во судската постапка и да се запознаат со материјалите од предистражната постапка, додаде Милева.

0 Коментари

Остави коментари