Заврши првата рунда разговори на Комисијата за историски прашања со Бугарија
Foto

Заврши првата рунда разговори на Комисијата за историски прашања со Бугарија

Доцна попладнево заврши првата рунда разговори на Комисијата за историски прашања со Бугарија - со ист интензитет продолжуваат и утре. 

Историските факти на релација Скопје - Софија се ставија на маса и пред нов тест, но ќе има ли компромис? Под превез на тајна, членовите од македонскиот тим вечерва мудро молчат. Не откриваат ниту во каква атмосфера поминал денешениот ден и какви се шанси за минимален напредок, особено по декемврискиот неуспех. 

Она што е јасно е дека идентитетот на Делчев е на масата за разговори. Тема се и учебниците за седмо одделение кај нас, но и записникот од десеттата средба кој остана непотпишан, а копретседавачите со Комисијата Ѓоргиев и Димитров не го усогласија на средбата во скратен формат.  

Кратки во одговорите кон новинарите, од македонскиот тим од Комисијата само не известија дека јавноста ќе биде официјално запознаена утре и тоа само преку соопштение, за тоа дали двата тима постигнале заеднички  јазик.

И додека во Скопје се молчи, во Софија уште пред почетокот на онлајн средбата, членовите на бугарскиот тим испратија пораки дека Комисијата ќе се соочи со истите тешкотии и во текот на оваа средба. 

- Нема друг начин освен да прифатиме рационално размислување и придржување кон духот на изворите, на светската историографија. Само така можеме да одиме напред. - изјави Наум Каичев историчар бугарски тим.

Последната средба во декември  беше карактеризирана како тотално фијаско, Преспанскиот Договор кој треба да ги отвори вратите, историчарите го ставија како пречка за понатамошни разговори, а бугарскиот тим ја оспори придавката македонски.

0 Коментари

Остави коментари