ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД ИСТРАЖУВАЊАТА НА АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ БИЛА ЗОРА
Foto

ЗАВРШИ ПРВАТА ФАЗА ОД ИСТРАЖУВАЊАТА НА АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ БИЛА ЗОРА

Заврши првата фаза од истражувањата на локалитетот Била Зора кај Свети Николе. Ставен е мораториум на понатамошни археолошки ископувања се додека не се најдат пари да се конзервира пронајденото.

Акцентот ќе биде ставен на акрополот и кралската палата, каде се пронајдени фрески на ѕидовите што потекнуваат 4 века пред христа. Од Музејот во Свети Николе велат дека проектот е веќе готов и се очекува позитивен одговор од Министерството за култура.

Останатите предмети пронајдени од 2008 до 2018 најдоа место во посотојаната поставка во Музејот во Свети Николе. Таму е сместена и макета-дијарама на локалитетот за да може видат посетителите каде што се наоѓа на терен.

Според археолозите досега е истражена само една третина од палатата, а ископувањата на некои делови од локалиетот што се протега на 32 хектари се уште не се ни почнати. Најголем дел од истражувањата се релизираа со подршка на Техничката фондација на Американската сојузна држава Тексас, преку која во близина на Свети Николе истражуваа археолози од цел свет. Инаку станува збор за значаен археолшки локалитет за кој се смета дека бил главен град на Пајонците и постоел од 7 до 2 век п.не.

 

 

0 Коментари

Остави коментари