Заврши потрагата по преживеани по земјотресот во Албанија
Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска изјави дека во земјотресот кој неделава ја погоди неговата земја загинале вкупно 50 луѓе, а над 2.000 се повредени.
Рама информираше дека потрагата по преживеани во земјотресот официјално е завршена. Се верува дека нема повеќе луѓе под урнатините.
Прелиминарните проценки се дека околу 900 згради во Драч и над 1.450 во Тирана се сериозно оштетени.
Земјотресот од средата беше со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала.