Заврши општата комисиска расправа по ребалансот на буџетот, амандманската почнува утре
Собраниската комисија за финансирање и буџет ја заврши општата рсправа по ребалансот на буџетот, а седницата на комисијата ќе продолжи утре со амандманска расправа.
И во текот на третиот ден во дискусиите на пратениците од владејачките партии можеше да се чујат обвинувања дека минатата власт оставила огромна буџетска дупка, која, како што рекоа, сепак ќе биде покриена со домаќинско работење.
Опозицијата пак ја обини новата власт дека нема разбирање за потребите на граѓаните и дека давала лажни ветувања во предизборитето.
Општата расправа за ребалансот траеше три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, ќе трае шест дена.

