Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот
Малта ќе биде идниот претседавач со Организацијата во 2024 година, одлучија едногласно 57 земји членки на маргините на 30. Министерски состанок на ОБСЕ, што изминатите три дена се одржа во Скопје. Учесниците донесоа и одлука за продолжување на мандатите на првите луѓе на четирите значајни институции на оваа Организација. Меѓу другото, беше испратен и апел Руската Федерција да овозможи консензус за буџетот на ОБСЕ.
На Самитот во Скопје беше одлучено да се продолжи мандатот на генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на високиот комесар за национални малцинства, Каират Абдракхманов, како и на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Тереза Рибеиро. Реизбран е Матео Мекачи на чело на ОДИХР.
ОБСЕ е безбедно, ја спасивме организацијата - ова беше пораката на министерот за надворешни работи и досегашен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи за време на последната прес-конференција во рамки на Самитот.