Заврши Меѓународната струмичка ликовна колонија, создадени 36 нови дела

Вчера во Струмица заврши 59 издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија на која уметници од земјата и странство создадоа 36 нови дела. 

Во изминатите десет денови уметниците твореа со масло и акрил на платно и мозаик. 

-На годинашната колонија учествуваа 15 уметници од Чешка, Хрватска, Србија, Црна Гора и од нашата земја. Во рамки на колонијата по 29 пат работеше и мозаичката работилница, на која се создадени две нови дела, рече Александар Филев, раководител на Уметничката галерија. 

Досега на Меѓународната струмичка ликовна колонија учествувале над 1.400 уметници, кои создале околу 2.800 дела.

Делата од годинашната Меѓународна струмичка ликовна колонија ќе бидат ставени на показ на јавноста на изложбата на 11 септември, на Денот на ослободувањето на Струмица.