Затворен втор ковид-центар на скопската Клиника
Foto

Затворен втор ковид-центар на скопската Клиника

Денеска ќе биде затворен ковид-центарот во клиниката за уво, нос и грло. Таму во моментов се хоспитализирани 4 пациенти и тие во текот на денешниот ден ќе се префрлат во друг клиника, информираше министерството за здравство.

Ова е втор ковид- центар кој се затвора неделава. Вчера беше затворен и ковид-центарот сместен во клиниката за очни болести. Затворањето доаѓа откако се бележи намалување на бројот на хоспитализирани пациенти.

0 Коментари

Остави коментари