Застрелан полицаец со 5 куршуми во Велес, напаѓачот избегал
Полицаец е застрелан во Велес, во близина на црквата „Свети Спас“.
Според информациите до кои дојде ТВ24, денеска полицаец и негова колешка биле во контрола кај црквата по пријава дека жители на ромската населба Рамина континуирано вршат грабежи на чанти од верниците кои доаѓаат во црквата.
Информациите се дека настанала мешаница меѓу полицајците и еден од, наводно, осомничените за грабеж, по што насилникот успеал да го одземе пиштолот на полицаецот и со него да испука 5 куршуми во службеното лице. Четири од куршумите завршиле во стомакот, а еден во коленото на полицаецот.
Веста ја потврдија од СВР-Велес. Полицаецот е пренесен на скопските Клиники.
Информациите од Велес се дека на излезот од градот сите коли се запираат и се претресуваат.