Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково, напаѓачите во бегство

Пулмологот Зекирја Шахини од Слупчане, носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково попладнево е застрелан во Куманово. Според информациите на МВР,  инцидентот се случил на крстосницата пред зградата на општината во Куманово кога две лица во движење пукале во патничкото возило на Шахини.

Оттаму велат дека работат на расчистување на случајот.

МВР 

- Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот.

Шахини е вон животна опасност, веднаш по инцидентот бил примен во  Општа болница Куманово а потоа веднаш бил префрлен во Клиника за трауматологија во Скопје. ОТТАМУ ЗА ТВ 24 ВЕЛАТ ДЕКА МУ СЕ ВРШИ ДИЈАГНОСТИКА,  И ДЕК АСЕ РАБОТИ З АНЕКОЛКУ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ, НО ШАИНИ НЕ ЕВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА. 

Од Основното јавно обвинителство Скопје за инциденто велат дека првичните индиции не упатуваат на политички мотиви но се проверуваат сите околности.

ТЕЛОП ОЈО

Двајца јавни обвинители од ОЈО Куманово излеога на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат докази кои ќе бидат предмет на вештачење.  Во пукањето е повредено едно лице а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат. 

ТВ 24 побара Став од ДУИ. Оттаму велат дека остро го осудуваат чинот на насилство и бараат од надлежните институции да ги идентификуваат сторителите. Упатија и апел до граѓаните да останат смирени.

ДУИ

- Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство и бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да реагираат .Упатуваме апел на сите наши поддржувачи, симпатизери и граѓани воопшто да останат смирени, да не подлегнуваат на провокации и да ја покажат зрелоста што отсекогаш ја карактеризира нашето движење.

Реакција за денешниот настан има и од политичката партија ВЛЕН. И оттаму остро го осудуваат овој настан.

ВЛЕН

- Како коалиција, најостро ја осудуваме секоја форма на насилство и упатуваме апел за смиреност, воздржаност и почитување на надлежните институции кои треба целосно да го расветлат случајот. Насилството нема место во нашето општество, а ниту една околност не може да биде оправдување за дела што го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните.

Инцидентот се случува на сред изборна за Локалните избори кои треба да се случат за околу еден месец.