Засилени сообраќајни контроли за дивеењето по улиците

Дивеењето на скопските улици го вклучи алармот кај полицијат. Засилени контроли на патиштата. Полицијата со полни раце работа, за едно деноноќие издала казни на 796 учесници во сообраќајот, а од друга страна наплатени биле дури 500 казни.

Најмноку казни биле издадени за непрописно паркирање дури 338, а 145 за брзо возење. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека продолжуваат со интензивните сообраќајни контроли низ патиштата на државата.

„По однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и и говорење на мобиен телефон при возење, евидентирани беа 50, односно 31 прекршок. Полициските службеници детектираа 58 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи откриени се алкохолизирани возачи.“ - МВР.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи годишно во Скопје се евидентирани 22.000 сообраќајни прекршоци.За само 24 часа полицијата регистрирала четири возила кои поминале на црвено светло и 15 нерегистрирани воизла кои учествувале во сообраќајот.

Камерите од системот за „Безбеден град“ треба да почнат да снимаат од идната година,прво ќе следуваат опомени, па потоа казни, односно првите шест месеци ќе стигаат опомени за прекршоци во сообраќајот, а постоа, за секој сторен прекршок ќе следува казна и средствата веднаш ќе се одземат од сметката на возачот.