Засилени полициски контроли за продолжениот викенд во Охрид
Foto

Засилени полициски контроли за продолжениот викенд во Охрид

Охрид го живее шпицот на сезоната. Градот последниве денови е полн со гости а најголема кулминација се очекува за претстојниот продолжен празничен викенд.

Поради најавата за гужви, концерти и други настани од СВР Охрид информираат дека деновиве ќе ги засилат контролите низ целиот град а особено на локациите каде ќе се одржуваат концертните настани. На припомош ќе дојдат и полициски службеници од други градови.

Иако туристичката сезона е во полн ек досега не се забележани поголеми инциденти и нарушувања на јавниот ед и мир.Портпаролот Стефан Димоски апелира на внимателност при управувањето со моторните возила особено на патот Охрид-Кичево кој е во изградба и на кој изминатиот период се случија голем број сообраќајки со жртви.

Инаки градот е полн претежно со домашни гости, но има и странци. Од приватното сместување информираат дека уште пред десетина дена е се резервирано за овој викенд и се бара место повеќе.

0 Коментари

Остави коментари