Зашов за ТВ 24: На оваа држава не и требаат избори и добро е оваа влада да продолжи до 2024

Благој Зашов поранешен потпретседател на Собранието и пратеник на НСДП во емисијата 24 анализа потенцираше дека вакви политички движења се случуваат кога државата се бори за решавање на кризата.

- На оваа држава не и требаат избори и добро е оваа влада да продолжи до 2024. Сите сме свесни дека нема да се решат проблемите на граѓаните ако се смени владата, тие се разочарани од политичките партии. Кога гледаат вакви внатрешни превирања, мислат дека дека партиите се сконцентрирани само за себе и меѓусебе да се заменат. Гледаме дека во други земји имаа прегрупирање и нови партии победуваат на избори. - рече Зашов.