Зашов: Позитивни резултати за датум може да очекуваме дури во мај, во Загреб

Поранешниот амбасадор, Благој Зашов во интервју за ТВ 24 вели дека иако следната можност за добивање датум е за време на Европскиот Совет во март, позитивни резултати можеме да очекуваме дури на Самитот во мај. во Загреб, каде покрај присуството на членките на Унијата ќе бидат поканети и земјите од Западен Балкан.

Зашов вели дека Франција во моментот се соочува со протести кои ќе го дефокусираат Макрон од Западен Балкан, а со тоа ќе се зголемат шансите за добивање датум.  

„Во Франција има внатрешни проблеми и Макрон мора да се посвети на нив и верувам дека можеби и тоа малку ќе го олабави во неговото меѓународно однесување, вклучително и кон неговиот став за Македонија и Албанија“ - смета Зашов.

Во продолжение комплетното интервју со екс-амбасадорот: