"Засекогаш млади" - Маријана и Росана, Александар и Дац со нова песна

По повеќе од дваесет години, сестрите близначки Маријана и Росана снимија заедничка песна. Заедно со Дац и Александар ја објавија „Засекогаш млади“ и велат дека телефоните не престануваат да ѕвонат, а честитките пристигнуваат од сите страни.

„Многу сме среќни што се случи оваа песна. Телефоните постојано ѕвонат, а честитките не запираат“, велат Драган Спасов-Дац и Александар Митевски.

Тие додаваат дека идејата да снимат песна со сестрите дошла сосема спонтано, од пријателско дружење и желба да создадат нешто што ќе остане.Сè започна од искрено дружење и желба да се создаде нешто убаво што ќе остане. Во една непроспиена ноќ, Александар ги започна мелодијата и текстот, Огнен Неделковски додаде од своите стихови, а Дац со своето искуство ја изгради визијата за видеото. За Александар ова беше остварување на детскиот сон, да работи со сестрите на кои им се воодушевуваше од малите екрани“, стои на фејсбук страницата на дуото.

Во спотот глуми и актерот Ѓорѓи Тодоровски-Трупче, сопругот на Росана Сариќ-Тодоровска. Се прикажуваат и стари снимки од настапите на Маријана и Росана од 1980-тите, заедно со легендарниот композитор Тоде Новачевски, кој ги напиша повеќето од нивните хитови. Новачевски, кој почина во Австралија во 2022.