Заразен е новинарот Михајлоски, анкетата ќе покаже кои биле неговите контакти
Foto

Заразен е новинарот Михајлоски, анкетата ќе покаже кои биле неговите контакти

Главниот и одговорен уредник во телевизија Канал 5, Гоце Михајлоски, кој е позитивен на коронавирус, заболел со коронавирус преку член од неговата фамилија. 

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека тој при посетата на семејството во Прилеп имал контакт со член со позитивен наод на болеста. Михајлоски е сместен во болницата „8 Септември“, а од епидемиолошките анкети кои се во тек со сите оние со кои имал контакти, вклучувајќи ги и вработените во телевизијата каде што одел на работа, ќе зависат следните мерки што ќе бидат преземени во однос на евентуални решенија за самоизолација. 

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција објави дека еден новинар е позитивен на коронавирус и дека поради контактите што ги имал со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Мицкоски, во следните денови ќе бидат во самоизолација. 

Од телевизијата Канал 5 соопштија дека Михајлоски двапати се тестирал за коронавирус. Првиот тест бил направен во приватна клиника и бил негативен, а првите симптоми се појавиле во неделата, на 5 април, па поради малаксаност, замор и главоболка околу 17 часот го напуштил работното место.

Првите симптоми кај колегата Михајлоски се појавиле во недела, на 5 април, кои биле во форма на малаксаност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17 часот го напуштил работното место.

„Од 6. април, на барање на компанијата, колегата е во самоизолација, а во меѓувреме тој забележува температура повисока од 38 степени, и бара од својот матичен лекар да добие упат за тестирање, но поради електронската анкета, нема доволни симптоми за да биде упатен на тестирање. На 7. април, во утринските часови, поради зголемената температура прави тест преку крв во една приватна болница, кој покажува дека е негативен на корона вирусот. Во четврток, 9 април колегата Михајловски заминува во Воена болница, каде е примен, а утринава нѐ информираше дека сепак е позитивен на Ковид-19“ - велат од телевизијата.

Лидерите на двете најголеми политички партии во земјава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во домашна изолација откако и двајцата му биле гости на уредникот во Канал 5.

0 Коментари

Остави коментари