Заради високата цена намалена потрошувачката на гас во Струмица

По зголемувањето на цената на гасот во Струмица од 46 на 80 денари за потрошен кубен метар домакинствата кои досега се грееа на гас се ориентираат на нови извори на топлинкса енергија. Вака   пдовлече дека во привте десетина дена од месец јануари намалена е потрошувачката од страна на физичките и правни лица. 

Милановиќ не можеше да конкретизира колку домакинства се ориентирале на други извори на енергија и за колку е намалена потрошувачакта на гас. Според последните информации во општинат ана гас се греат околу 400 домакинства, фирми и јавни институциии.

За да ја амортизира високцата цена на гасот која послед Нова година се зголеми за речиси 90 отсто, општина Струмица воведе субвенција од 10 денари за потрошен кубен метар з ашто општина Струмица во Буџетот за ова година предвидува 3 милиони денари . Субвенцијата ќе важи и за месец јануари.

Во Струмица е изградена гасоводна мрежа во должина од околу 40 километри. Гасот се набавува во компресирана форма и се декомпресира во станицата и се пушта до крајните корисници. Од Струмица гас велат дека имат обезбедени доволно количини гас за ова грејна сезона.