Започнува 66. издание на фестивалот "Охридско лето"

Вечерва започнува 66-то издание на „Охридско лето“ со спектакуларен гала-концерт насловен „Љубов“, каде ќе настапат светски познатите оперски ѕвезди – албанската сопранистка Ермонела Јахо и американскиот тенор Чарлс. Концертот ќе се реализира под диригентската палка на маестро Марко Боеми од Италија, во придружба на Националната опера и балет.

​Директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски во интервју за ТВ 24 открива дека во следните 40 дена, фестивалот ќе биде домаќин на над 700 уметници од 24 земји, кои ќе изведат околу 50 музички и сценски настани.

Годинава се одбележуваат и два големи јубилеи: 100 години од раѓањето на Ана Липша-Тофовиќ и 60 години од основањето на Факултетот за музичка уметност Скопје.