Започнува 42. Меѓународен студентски фолклорен фестивал
Foto

Започнува 42. Меѓународен студентски фолклорен фестивал

Во организација на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ - Скопје, вечерва започнува 42. издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал. Годинава настанот ќе се одржи на две локации – Плоштад „Мајка Тереза“ и Плоштад „Млечен ресторан“. Почетокот на сите концертни вечери е од 20:00 часот.

На годинешното издание, учество ќе земат повеќе земји меѓу кои Грузија, Хрватска, Албанија, Србија, Турција и Македонија.

Поради настаната пандемија, фестивалот се реализира под посебни протоколи предвидени од Владата на Република Македонија.

Идејата за организирање на МСФФ е иницирана од студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Во продолжение линк од деталната програма https://bit.ly/382m2M6.

0 Коментари

Остави коментари