Започнаа квалификациите на Формула 1 за Големата награда на Бахреин
Foto

Започнаа квалификациите на Формула 1 за Големата награда на Бахреин

Во превечерието на кралството Бахреин стартуваа квалификациите на Формула 1 за Големата награда на Бахреин.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон со резултат од 1:28.971 минути, вчера беше најбрз на двата тренинзи. На вториот тренинг, втор беше Макс Верстапен од Ред Бул (1:29,318), додека трет беше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас (1: 29,336). Серхио Перез беше четврти, а петтото место го освои Даниел Рикардо од Рено. Шести беше Пјер Гасли од Алфа Таури, а седми беше Ландо Норис од Мекларен.

Вчера на тренинзите, возачите се жалеа на новите гуми на Пирели и бараа да се вратат на стариот тип.

Вчерашниот тренинг беше на двапати прекинат кога  Алекс Албон, возачот на Ред бул удри во заштитната ограда, го скрши болидот и за среќа излезе од него неповреден. Вториот пат, тренингот го прекина куче кое влета на патеката.

Џорџ Расел од тимот на Вилијамс ги отвори квалификациите, по него стартуваше Маркс Ферстапен.

0 Коментари

Остави коментари