Започна вработувањето на првите 300 приватни специјализанти низ клиниките и болниците во земјава

Почна процесот на вработување на приватните специјализанти. Во тек се конкурсите за 300 лекари, кои ќе бидат распределени низ болниците и клиниките каде има потреба од кадар.

Според најавите на министерот за здравство уште 300 приватни специјализанти ќе бидат вработени до крајот на годинава.

За здравствените работници пак кои со години работат со договор на дело, од Фондот за здравство велат дека процедурите се пролонгирале заради измени во систематизацијата, но тврдат дека тоа е веќе завршено и најауваат дека наскоро ќе бидат распишани конкурси и за нив.

И приватните специјализанти и договорците на дело со месеци протестираа и бараа решавање на работниот статус. Работеа и без здравствено и без пензиско осигурување. Владата уште во јули на седница донесе одлука за вработување на специјализантите.