Започна откупот на тутунот – владата очекува непречен откуп и стабилни цени

Започна откупот на тутунот од реколтата за годинава. Досега отворени се 195 откупни пунктови а вкупна дотговорена количина на откуп е договорена е. Во Годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Вкупната договорена количина за откуп изнесува повеќе од 29 илјади тони тутун. Ресорното министерство очекува непречен откуп со стабилни цени. Споредено со реколтата од минатата година евидентно е зголемување и кај евидентни листови, склучените договори и засадените површини со тутун. Исплатени се 28 милиони евра по основ на новиот модел за зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017-та.