Започна новогодишното украсување на Скопје

И покрај дилемите  и различните мислења дали треба или не во пандемија, сепак градските власти одлучија да започнат со новогодишно украсување на метрополата.

Покрај плоштадот македонија, украсени ќе бидат  и главните улици и булевари низ градот. Годинава нема да се организира новогодишната манифестација „Винтерленд“, ниту ќе има прослава за дочек на Нова година.

Градоначалникот на Скопје и покрај различните мислења, оцени дека за време на новогдишните празници е потребна повесела атмосфера  особено за најмладите, за децата. Украсувањето годинава ќе чини 200 илјади евра.