Започна грејната сезона – 88 објекти без парно греење поради дефект
Од денеска официјално почна грејаната сезона. Надлежните уверуваат дека системите се подготвени и испораката на топлинска енергија ќе биде редовна, граѓаните пак велат парно нема. Дел од жителите на општина Аеродорм велат дека радијаторите биле само минимално загреани утринава а во текот на денот парното било исклучено.
Покрај жителите на Аеродром, ладни радијатории денеска имало и во Општина Кисела Вода. Вработени во една од градинките во општината сакаа да бидат анонимни за Телевизија 24 кажаа дека парно имало само рано утринава но не и во текот на целиот ден.
Анонимни: Парно денеска нема. Имаше само утринава. Минатата недела кога беше ладно пуштаа и тогаш но не редовно.
Од ЕСМ снабдување на Телевизија 24 велат дека во моментов во Скопје има 88 објекти кои немаат обезбедени услови за испорака на топлинска енергија поради дефекти во внатрешната инсталација. Оттаму апелираат потрошувачите побрзо да ги отстранат дефектите со цел непречено снабдување на топлинска енергија.
ЕСМ: Во моментов, 88 објекти немаат обезбедени услови за испорака поради дефекти во внатрешната инсталација (поправките и редовното одржување се обврска на потрошувачите), оневозможен пристап до топлинските станици или прекин во снабдувањето со електрична енергија потребна за нивна работа, но моментална бројка е во постојан тренд на опаѓање.
Од Регулаторна комисија за енергетика пак велат дека за проблемите со снабдувањето на топлинска енергија но и за дефектите кои се појавуваат граѓаните пријавуваат и кај нив.
ЕСМ: Се јавуваат граѓани. Прво се жалат во ЕСМ но се јавуваат и кај нас.
Грејната сезона како и секоја година почнува на 15 септември и трае до 14 април. Dоколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС, тогаш грејната сезона може најрано да почне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април. И оваа грејна сезона старуваше со поплаки од граѓаните дека не ја добивата услугата за која плаќаат цела година.

