ЗАПАЛЕНИ АВТОМОБИЛИТЕ НА ПЕЈАЧКИТЕ РЕБЕКА И СУЗАНА ТУРУНЏИЕВА
Foto

ЗАПАЛЕНИ АВТОМОБИЛИТЕ НА ПЕЈАЧКИТЕ РЕБЕКА И СУЗАНА ТУРУНЏИЕВА

Во три часот по полноќ, во пожар на паркинг во Скопје изгореа автомобилите на Сузана Турунџиева и Ребека Јанковска. Пламените јазици ги разбудиле и околните соседи од зградата кај трговскиот центар на булеварот „8-ми септември. Турунџиева во изјава за Тв24 вели и самата видела како гори нејзиниот „мини купер“ и се сомнева дека е намерно запален, но не верува дека таа лично била мета на напад.

„Моето возило е вероватно 7-8 по ред оваа недела опожарено возило на сличен начин. Ние спиевме не рабзуди голем пламен кој ја огреа дневната соба. Мојата ќерка претрча испаничена да ми каже дека гори возило, не знам дали беше претчуство, но знаев дека станува збор за моето возило. - Сузана Турунџиева.

Огнената стихија го зафатила и автомобилот на Ребека Јанковска, „шевролет орландо“ - паркиран веднаш до „мини куперот“ на нејзината колешка. Неофицијално, сомнежите водат кон тоа дека бил фрлен молотов коктел. За среќа, брзата интервенција на пожарникарите спречила проширување на пожарот, но и можна експлозија.

„Жалам за Сузе, нејзиниот автомобил е тотално уништен и апелирам да се помогне. За среќа ние сме здрави и живи, бидејќи можеше да настане и голема катастрофа. Очекуваме полицијата да ги открие сторителите, не само за нашите туку и за останатите запалени автомобили во градот“. - Ребека Јанковска

МВР освен овој, се чека да ги расчисти и останатите случаи на опожарени возила кои се се почести во последниве неколку месеци, кога гореа автомобили во Центар, Ѓорче, Чаир, но и надвор од Скопјe. Поранешнот министер Оливер Спасовски пак, пред заминување од функцијата, изјави дека статистиката е иста дури и помала од порано, но колку автомобили биле самозапалени, а колку во подметнати пожари, не откри со конкретни бројки

0 Коментари

Остави коментари