Запалена викенд куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Пандов

Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата, истакна Александар Пандов, директор на Управа за извршување санкции, откако денес беше запален неговара викенд куќа.

„Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме со уште поголема одлучност.“ - посочи Пандов.