Западнонилската треска во фокусот и во Собранието: Кој ги штити учениците со почетокот на учебната година?

Епидемијата со западно нилска треска ја вжешти собраниската говорница – опозицијата со критики на адреса на министерот за здравство – отворено беше и прашањето - дали здравствените власти имаат протокол во училиштата за заштита на учениците со стартот на новата учебна година.... 

Сања Лукаревска – Пратеничка на СДСМ: „Дали е направена итна проверка на училишниот двор и околината на сите училишта, да се отстранат сите места каде што се задржува вода, да се побара од општината или центарто за јавно здравје - инспекција и третман на училишниот двор, да се проверат комарници на прозорците и на вратите, ако училиштето има климатизација каде што е можно прозорците да останат затворени во периодот на најголема активност на комарците, да се избегнуваат активности на отворено во периодот со најголем ризик да има комплетна транспарентност  до родителите и учениците и затоа сите овие мерки потребно е да бидат доставени од страна на ИЈЗ со посредство на МЗ па дури со МОН да го смириме стравот во соодветните училишта, ова е уште еден доказ дека несоодветно се справувате со западно-нилската треска“... 

Министерот за здравство пак порача дека преземени се сите мерки навреме, извршени се вонредни дезинсекции во општините каде е прогласена епидемија, а дополнително се едуцирало и населението кое е најризично. 

Клековски одговори дека надлежните извршиле проверки на потенцијални жаришта, вклучително и во училишните дворови. Сепак уверува дека учениците не се сметаат за ризична група за западно-нилска треска.

Сашо Клековски – Министер за здравство: „Имаме неколку деца кои беа тестирани на западно нилска треска и беа негативни, најмладиот пациент што беше заразен имаше 25 години и немаме ниту еден засегнат под 25 години и во согласност со тоа не беа преземени посебни мерки за зштита, а во однос на општите мерки на заштита градоначаниците од скопскиот регион и другите засегнати општини во проверката на можни жариштаизвршија проверки и на училишните дворови на можна застојана вода како потенцијален ризик, а во однос на личната заштита не се преземни посебни мерки за советување учениците бидејќи оваа демографска група не спаѓа во ризик“.....

Според последните информации на здравствените власти, шест пациенти се уште се хоспитализирани на инфективната клиника во потешка состојба, од кои двајца се на апарти за дишење. Од почетокот на годинава потврдени се вкупно 58 случаи на вирусот, а регистрирани се и осум смртни случаи. 

Епидемија беше прогласена на почетокот на минатиот месец во пет скопски општини.