Западниот Балкан постепено ќе се доближува до Унијата: Макрон и Мицкоски на маса – Европа со нова понуда за Балканот
Европските институциите ќе го разгледуваат Нон Пејперот за аосицијативно членство во Европската Унија, ако документот покаже дека ќе го подобри процесот тоа ќе биде повеќе од добродојдено.
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и официјално на Самитот ЕУ Западен балкан со одговори за германско франуцскиот - НОН Пејпер како обид за забрување на пристапување на Западен Балкан во ЕУ.
За предводниците, можеби како Црна Гора, ова не е толку важно како за други земји. Сепак процесот заснован на заслуги е поддржан од сите земји членки. Тоа е основата. И сега ќе ги разгледаме предлозите, ако нивната цел е да го подобрат процесот, тоа е повеќе од добредојдено. Ќе дискутираме, но основата останува процесот заснован на заслуги, и сакаме да одиме напред брзо и ефикасно.
Претседателот на Европскио совет пак Антонио Кошта изјави дека кружат повеќе предлози кои циркулираат со цел да се елиминира бирократија. Новите идеи посочи ќе ја зголемат довербата во Европската Унија и мотивацијата на партнерите од Западен Балкан.
Од друга страна, можеме да се обидеме да ги поедноставиме бирократските процедури во сите овие процеси. И сега е многу позитивно што има неколку предлози кои циркулираат со цел да се елиминира бирократијата, за да се оди побрзо кон завршување на овој процес заснован на заслуги.
Кошта кажа дека Комисијата предложи затворање на три преговарачки поглавја со Албанија. За Србија пак Фон Дер Лајен ги потенцираше спроведувањето на судските реформи како и изборниот законик.
„Ако се исполант овие реформи тогаш може да се отвори третиот кластер, бидејќи се работи за процес занован на заслуги“ дополни Лајен.
Македонија не беше споманта на официјалната пресс конференција.
Но, премиерот Христијан Мицкоски денеска од Тиват порача дека процесот на проширување на ЕУ е жив, и дека сето тоа мора да се искористи. Посочи дека дека Македонија треба да напредува на патот кон ЕУ, но притоа без да го загуби достоинството.
„Треба да бидеме трпеливи. Сепак, ова се моменти кога Европската Унија, односно Европскиот совет, јасно покажува дека процесот на проширување повторно станува жив.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц пак кажа дека делумна вина за тоа што земјите од Западен Балкан сè уште не ѝ се приклучиле на Унијата има и Европската Унија .
„Ако веќе 13 години не сме примиле нови членки, тоа покажува дека пропустите постојат и на страната на Европската Унија. И нив сакаме денес да ги надминеме“, изјави Мерц .

