Заострените мерки причина за алтернативни начини за дружење
Foto

Заострените мерки причина за алтернативни начини за дружење

Вакцинирани или не, со сертификат или без, Скопско Дебаар маало синоќа во духот на боемштината раздвижено. Не можат во ресторани и кафеани, но граѓаните најдоа друга алтернатива за дружба и собиранки.

Со маси и столови во парк и на улица. Повеќето од младите велат не се против вакцини. Дел од нив ја прележале болеста, но со консултација од лекар поради високиот праг на антитела ќе почекаат за вакцинација. За дружба неможат да чекаат. 

Кафеаните и кафулињата со различна посетеност, едни полупарзни, други во речиси полн капацитет но скоро кај сите одекнуваше контрабасот, виолината и песни кои ја надополнуваа атмосферата со по некоја чаша вино.

Додека се движевме по локалите поразговаравме со дел од угостителите. Новите мерки им го намалиле прометот. Велат не можат да ја утврдат веродостојноста на сертификатот на своите гости, бидејќи тоа не е во нивна надлежност.  

Новите мерки со кои влез може да се обезбеди само со сертификат за вакцинација и потврда за прележана болест власта ги правда со аргумент дека ќе придонесат за поголема вакцинација и заштита на колективното здравје.

0 Коментари

Остави коментари