Замрзнувањето на цените во есенската потрошувачка кошничка ќе се објави утре

Утре ќе биде позната есенската порошувачка кошница, како и замрзнувањето на цените и ограничувањето на маржите. Кошницата ќе биде составена од ориз, месо, грав, печурки, млечни поризводи, овошје, зеленчук како дел од 100-тина артикли кои најмногу се купуваат во овие есенски месеци од годината.

Експертите велат дека инфлациската разлика од 2019 година до годинава е енормо зголемена и како што велат се обидуваме да направиме потрошувачки кошници кои таа разлика би ја намалиле, тие сметаат дека овие кошници треба да се направат постратешки.

„Со цпи  ја гледаме таа инфлациска разлика помеѓу 2019 година и денеска која е енормно дигната на 80 или 90 поени. И сега се обидуваме со некој мерки кој би ги нарекол по популистички да направиме потрошувачки кошници за празници, не знам за такви ранливи категории и така натака и така натака. Јас мислам дека овие социјални мерки би требало да се направат постратешки, поинтегрирани, поцеловити, знаете таа ранлива категорија би било подобро да се направи еден вид на стратегија како тие на пример елементарните потреби да ги задоволуваат. А од друга страна во транспортни да не може да бидат ослободени од некој транспортни услуги од одредени производи кои што им требаат за работа.“ - вели економистот Абил Бауш.

Властите најавија дека кошнички ќе има согласно сезоната, есенска, зимска, пролетна, летна како и празнични велигденска, рамазанска, божиќна.

Од организација на потрошувачи сметаат дека треба што поскоро да стартува законот за фер трговски практики во кои влегуваат 2,500 производи како и стотината производи кои владата ќе ги намали.  

Законот за нефер трговски практики треба стартува на крајот од овој месец, кога и практично завршува пролонгираниот рок кој го побараа бизнисмените.   Но, доколку има потреба Мицкоски вели дека ќе им даде уште некоја недела рок за прилагодување. Законот за нефер трговски практики е донесен од минатата власт се со цел да се стави ред во ланецот на трговија со храна.