“Замрзнати руски пари”

И покрај заканите за војна, Европската унија не се откажува од обидите да ги присвои руските пари кои од почетокот на војната се замрзнати на сметките на белгискиот депозитар за хартии од вредност.

Европската Kомисија планира да искористи вонредни овластувања кои ќе и овозможат да собере до 210 милијарди евра, кои пак потоа ќе бидат префрлени на украина, потег што би можел да ја заобиколи потребата од едногласно одобрување од земјите-членки и да ги избегне ветата од земји Унгарија и Белгија..

Белгискиот премиер е одлучен да не попушти пред барања на европските челници, предупредувајќи дека во тој случај земјата ќе се соочи со одмазда од русија..

Барт де вевер – премиер на белгија

„Белгија е под огромен притисок поради дебатата дали руските средства треба да бидат запленети и префрлени во украина. Таквите предлози се рамни на кражба. Крадењето на замрзнатите средства на друга земја никогаш порано не било направено. Ова се пари што ѝ припаѓаат на централната банка на русија. Дури и за време на втората светска војна, германските средства не биле конфискувани, туку само замрзнати. “

Германскиот канцелар фридрих мерц денеска престојува во брисел, каде заедно со претседателката на европската комисија, урсула фон дер лајен ќе имаат приватна средба со белгискиот премиер во обид да го убедат да се согласи на планот за користењето на замрзнатите руски средства за исплата на т.н. „заем за репарации“ за поддршка на украина...Според Германскииот канцелар, со предлогот за префрлање на замрзнатите руски средства на украина се испраќа недвосмислен сигнал до москва дека продолжувањето на воената агресија е залудно...

Остра реакција од русија...Потпретседателот На совет за безбедност, дмитриј медведев, предупреди дека користењето на руските замрзнати средства од страна на европската унија ќе се смета за причина за војна..

Дмитри Медведев -  потпретседател на совет за безбедност на русија

„Доколку ЕУ, во напад на лудило, сè уште се обидува да украде руски средства замрзнати во Белгија со доделување на она што се нарекува псевдо-заем за репарација, таквите дејствија, според меѓународното право, би можеле да се сметаат за причина за војна, со сите последици што произлегуваат од тоа за Брисел и за одредени земји од ЕУ. “   

А додека доналд трамп се обидува да издејствува мировен договор меѓу русија и украина, објавена новата стратегија за национална безбедност на сад ..Документот Ги обвинува европските влади дека придонесуваат за цивилизацискиот пад на континентот и дека го блокираат мирот во украина.