ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ БАРААТ ЕКСПЕРТИТЕ
Постоечкиот Закон за работни односи поради постојаната промена придонесува кон несигурност на работниците одразено преку договорите за определено работно време , а ниските плати само допринесуваат за исселување на способната работна сила сметаат дел од професорите и претставниците на здруженија чииј посебен фокус се трудовото и социјалното право. Професорот Тодор Каламатиев, смета дека потребен е нов закон кој ќе биде усогласен со европските регулативи и актуелните состојби во сферата на работните односи. Каламатиев смета дека дека постоечкиот Законот за работни односи не одговара на реалните услови на пазарот на труд.
На ставот дека постоечкиот закон не кореспондира со современите пазарни услови е и професорот Александар Ристовски кој вели дека постојат големи недоследностите кога е во прашање Законот за работни односи.
Од организацијата на работодавачи велат дека постојниот Закон за работни потребно е да се допрецизира бидејќи не нуди сигурност на работниците па од таа причина се случува одлив на работна сила.
Дополнително од здруженијата и професорите сметаат дека нема да има повисоки плати за октомври бидејќи Законот за субвенции доцни, па поради таа причина велат дека и работодавачите стравуваат дека нема да може да им овозможат на своите вработени повисоки плати за месец Октомври. За подобри работни услови и мотивирање на постоечкиот кадар кој се наоѓа на пазарот на труд од здруженијата се едногласни дека потребно е итно да се продобри домашното законодавство во делот на трудовото право. Инаку генерална оценка е дека Македонија е една од зејмите во Европа со најлоши работнички права.