Законот за високо образование и за правична застапеност ќе ги чекаат одморени народните избраници
Народните избраници ги исцрпуваат и последните дискусии на закажаните седници до одморите но останува неизвесна судбината на неколку закони кои иако беа ставени на дневен ред останаа не донесени, како законот за високо образование, за кој веќе се водеше расправа и во матичната комисија, а кога стигна до пленарка остана само како точка на дневен ред нешто слично како и законот за правична застапеност.
Партиите од албанскиот опозициски блок и денеска во клинч кој го кочи овој процес и кому му одговара тоа откако пратеникот на ДУИ Илир Хасани и денеска одговарајќи на новинарски прашања на темата посочи дека ако власта беше толку сигурна можеше комотно да го стави законот за правична застапенопст на гласање па да се види од кого зависи бадентерот но и посочи дека ова можат да бидат сериозни теми за дискусија и за предвремени избори за кои ДУИ и претходно посочија веќе дека се спремни.
Владиниот коалициски партнер ВРЕДИ пак директно го вперија прстот кон интегративците дека како што велат токму тие и нивниот лидер Ахмети биле кочничари на законот за правична застапеност а со тоа велат ги поткопувале темелите и на Охридскиот рамковен договор .
Што дочекаа Албанците? Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да руши еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор. Зошто? Заради алчност за власт!
Нереформираното раководство на ДУИ, во очај поради тоа што Албанците го испратија во опозиција, сега влече потези директно спротивни на интересите на Албанците. Во Мала Речица скроиле опасен план. Сакаат да направат филм дека албанските права се загрозени само затоа што ДУИ не е во Владата. За нив, очигледно, Албанците имаат права само кога тие се на власт и кога нивните луѓе седат во фотелји.
И премиерот Мицкоски денеска само кратко посочи дека не очекува ова да бидат теми за пазарење за предвремени парламентарни избори бидејќи владата веќе ги изготвила законските решенија а сега на потег се народниоте избраници.
Иако и претходно во неколку наврати посчи дека ВМРО-ДПМНЕ е спремна за предвремени парламентарни избори сепак додаде дека сака да се фокусира на актуелните проекти . СДСМ пак иако претходно и они инсистираа на предвремени избори остануваат сега на ставот дека Мицкоски ќе ги распише кога касата ќе остане празна.

