Законот за работни односи за изведба на коридорите од „Бехтел и Енка“ утре на пленарна седница
Во Собранието пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја одржаа дводневната комисиска расправа за Законот за урбанистичко планирање, дел од пакет законите за изградба на коридорите 8 и 10д со компанијата Бехтел и Енка.
Опозицијата ја обвини власта за законските решенија и за доставените празни табели до нив. Пратениците од власта пак, зад законите со европско знаменце и апел за нивно поддржување и побрза реализација.
Од опозицијата со став дека Ковачевски предводи фронт против ЕУ, за заштита на криминалот и се повикаа на евроамбасадорот Гир дека јавно посочил-да не се злоупотребува европското знаменце, а од власта им вратија дека има и позитивни работи кои ги истакнал евроамбасадорот кои треба да се кажат. Законот утре ќе се најде на пленарна седница.

