Законот за пробација иако донесен пред пет години се уште тешко се пробива во македонскиот правосуден систем
Foto

Законот за пробација иако донесен пред пет години се уште тешко се пробива во македонскиот правосуден систем

Судиите на истокот од државата тешко се одлучуваат да носат пресуди за условен отпуст под надзор или општокорисна работа. Од вкупно донесените близу 200 пресуди само осум се донесени во штипското апелациско подрачје, останатите се во судовите од западниот дел на државата и Скопје.

Анализите на невладиниот сектор говорат дека и покрај порастот на пресудите сепак судовите остауваат најслаба алка во системот на пробација. Пример за тоа е судот во Струмица кој ги одбил сите десет барања на струмичкиот затвор за условен отпуст на осуденици.

Искуствата на пробациските службеници говорат дека тие што добиле условен отпуст поретко ги повторуваат делата и полесно се враќаат во општеството. 

Законот за пробација е донесен да се реши пренатрупаноста во затворите и да се намалат трошоците, но и покрај тоа тешко се пробива во македонскиот правосуден систем. Споредбено, поради користењето на пробацијата, во Германија само 5 % од осудениците завршуваат во затвор, кај нас тој процент е околу 20.

Со Законот за пробација, донесен во 2015-та, се предвидени мерки условна осуда со заштитен надзор, општокорисна работа и куќен затвор. Уште од почеток се доцни со неговата примена бидејќи заглави тендерот за електрични алки,  сите предвидени пробациски канцеларии се уште не се отворени,  а системот за надзор дури сега целосно е ставен во функција откако во мрежата се поврзаа и сите пробациски канцеларии, судовите и затворите.

0 Коментари

Остави коментари