Законот за пратеници пред пратениците за да немаат двојни државјанства
Прашањето за државјанствата на пратениците отвори политичка дебата за лојалноста,одговорноста и транспарентноста. Опозициската СДСМ поднесе амандмани на предлог-законските решенија од ВМРО-ДПМНЕ за да се прецизира дали истите ќе важат за актуелниот парламентарен состав.
Според претседателот на партијата Венко Филипче суштината на предлогот е во политичката одговорност и довербата па затоа и носителите на функции во владата мора да имаат едно државјанство. Вели не може министри во Влада да имаат резервна татковина.
Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, преку видео ги повика колегите пратеници да донесат нотарски заверена потврда дека имаат само македонско државјанство.
Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ целта за законот е да се уредат условите за избор на пратеници и да се прецизираат критериумите за станување пратеник. ДУИ е против предлогот на власта бидејќи сметаат дека законот за пратеници би требало да биде третиран во Комитетот за односи меѓу заедниците и таму да се одлучува како да се гласа.

