Законот за попис и Законот за Агенцијата за разузнавање добиваат европско знаме во Собрание
Foto

Законот за попис и Законот за Агенцијата за разузнавање добиваат европско знаме во Собрание

Законот за попис и Законот за Агенцијата за разузнавање во Собранието ќе се разгледуваат со европско знаме, одлучи Владата на денешната 34-та седница.

-На денешната седница Владата, заради посебен јавен интерес, донесе одлука Предлог – законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2021 година, и Предлогот на закон за Агенцијата за разузнавање во Собранието да бидат усвоени со постапка предвидена за закони со европско знаме, соопшти владината прес-служба.

0 Коментари

Остави коментари