Законот за наставниците заглавен во Собрание, наставниците на крај со трпението
Жестоките обвинувања на релација опозиција власт во собранието за Законот за наставниците одеа во релација која партија повеќе направила во секторот образование, кој ги зголемувал платите, а кој во образовните институции вработувал партиски послушници, наместо стучни кадри.
Од СДСМ преку соопштение реагираат дека растот на минималната плата ќе доведе и до раст на останатите плати. Затоа се важни измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, што ВМРО-ДПМНЕ ги блокира цела година.
- ВМРО-ДПМНЕ намерно пласира дезинформации во јавноста во врска со овој Закон, лажејќи дека со ова законско решение нема да се зголемат платите во образованието.
Опозиционерите остануваат на ставот дека измените на занокот се спорни. Со нив само ќе се овозможи дополнителна партизација на секторот образование. Од партијата тврдат дека со предложениот закон нема да се зголемат платите на наставниците туку само ќе се вработат партиски кадри.
Синдикатот на образование пак вели дека ако политичарите вистински имаат намера да им ги зголемат платите на просветните работници тоа може да го направат преку измена на Колективните договори, а не само со предлог закон. На тој начин нема да биде селективно зголемувањето на платите, туку освен професорите и стручните соработници повисоки плати ќе добијат и техничките лица вработени во секторот образование.