ЗАКОНОТ ЗА ЈО ЈА СТАВИ КОАЛИЦИЈАТА СДСМ – ДУИ ПОВТОРНО НА ТЕСТ
Foto

ЗАКОНОТ ЗА ЈО ЈА СТАВИ КОАЛИЦИЈАТА СДСМ – ДУИ ПОВТОРНО НА ТЕСТ

Преговора ли СДСМ со други партии за нова коалиција или генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски со вчерашната порака сакал да испрати, како што вели неговиот лидер, сериозна порака до политичките елити за поголема одговорност пред државата. По вчерашните драматични препукувања меѓу владините коалициски партнери СДСМ и ДУИ за тоа кој е виновен за блокирањето на неколку клучни закони во Собранието, вклучувајќи го и законот за јавно обвинителство, денеска партиите ја смирија топката. Заев вели дека засега преговорараат со нивните стандардни коалициски партнери и со некои од партиите што не биле досега со нив во коалиција. Но коалицијата со ДУИ функционира, избори ќе има, а законите во Собранието ќе се донесат, вели Заев.

„Знаете дека е возможно да го направиме, заради тоа што обезбедивме преку 80 пратеници, а не па мнозинство од 61 пратеник. Тоа е возможно. Не сакам ова никој да го сфати како закана. Но, испраќам како порака дека тоа што е државата е државата пред сè и над сè за сите нас. Потоа се нашите партии, политички калкулации или слично. Ние сакаме да имаме избори на 12 април, сакаме навреме да се распушти парламентот, но истовремено сакаме парламентот да си ја заврши работата онака како што е планирано – законските решенија да се гласаат во парламентот“. - рече Заев.

И техничкиот премиер Оливер Спасовски ги намалува тензиите.

„Како што ја почнавме коалицијата со нив, така и ќе ја завршиме. Доколку дојде до такво нешто, да се опструираат законите, тогаш ќе мислиме за нов коалициски партнер“, изјави Спасовски .

Односите со СДСМ не се нарушени, порача на прес конференција Артан Груби. Вчерашното кочењето на собраниската седница било поради некоординираност на пратеничките групи, а не поради тоа што дуи одработува за ВМРО ДПМНЕ, тврди груби.

По вчерашните речиси целодневни партиски договарања за поддршката на владиниот предлог закон за Јавно обвинителство, за кој се неопходни 80 гласови и по информациите дека ДУИ и Беса излегле со свои барања, Николовски на Фејсбук напиша дека ако „продолжат тактизирањата постоела реална можност тие да направат ново парламентарно мнозинство.

Ово статус го налути собранискиот спикер кој предложи партиите уште еднаш да ја потврдат желбата за избори.

Пораки преку Фејсбук не примам. Закажува седница за утре.

Коалицијата Заев – Ахмети повеќе пати одеа по тенок мраз-меѓу посериозните прозивки спасувањето, како што обвини СДСМ, на Трајко Вељаноски од Талата Џафери, а односите ескалираа деновиве околу законот за ЈО.

0 Коментари

Остави коментари