Законот за антидискриминација како приоритет за новиот парламентарен состав

Клучниот закон за антидискриминација на кој Холандија инсистираше за датум за почеток на преговорите со унијата да биде приоритет на новиот парламентгарен состав. Законот падна на Уставен, но е исклучително важен за напредокот кон Унијата.

Во предвечерие на изборите, дипломатите се обидуваат да добијат цврсто уверување дека тој ќе биде донесен во најбрз можен рок.. Преговорите со Унијата започнуваат со кластерот – Основи или фундаменти и поглавје 23, каде се содржи оваа регулатива.Симонида Кацарска ЕПИ - Законот за заштита од дискриминација не го гледаме само како барање на Е . Од друга страна тој е критериум на директивите на Унијата. Значи тој не е некое меко право, не е аспект за усогласување на некои одредени одредби со пракси, туку е потреба за да можете да ги исполните критериумите во поглавјето 19, социјална политика и поглавјето 23.

На денешната презентација на извештајот на Европската агенција за фундаментални права, каде за прв пат е опфатена Македонија, министерот Димитров објави дека имал раговор со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп..Никола Димитров МНР - Ние изразивме жалење што еден толку важен закон сега не е во сила. Не можеме баш експлицитно да ги толкуваме одлуките на Уставниот суд, како МНР и како Влада. Укажавме дека има правна заштита преку директна примена на Европската конвенција за човекови права и на Истанбулската конвенција. Но, покажавме политичка заложба дека веднаш по конституирање на Собранието овој закон ќе биде повторно донесен.

Сепак, според народниот правобранител, законот допрва треба да претрпи измени.

Иџет Мемети народен правобранител - Ние како институција по однос на тој закон се уште имаме забелешки и мислиме дека телото за заштита е многу слабо. Од аспект како се формира тоа тело и како може да штити од дискриминација. Според нас тоа тело мора да биде на потранспарентен начин избрано и од лица и експерти кои не се инволвирани во политички структури.

Овој закон беше донесен согласно со препораките на ЕУ, но Уставниот суд, ја укина регулативата која доби позитивни мислења од Венецијанската комисија и од ОБСЕ - спорно беше мнозинството со кое беше донесен, што беше и основа за иницијативата за оценување на неговата уставност.  Во меѓувреме се чека на усвојувањето на преговарачката рамка, а секоја од земјите членки има право на свои забелешки.