Законот со кој Македонија ќе се задолжи од Унгарија 500 милиони евра влезе во Собрание по скратена постапка
Законот со кој Македонија ќе се задолжи од Унгарија 500 милиони евра влезе во Собрание по скратена постапка. Владата го достави до парламентот. Утре се очекува да се се гласа потребата од донесување на законот, по што ќе следат матичните комисии за финасирање и буџет и законодавно правната комисија.
Македонија ќе се задолжи од унгарската експорт Импорт банка, а според текстот на законот ќе треба да плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската банка. Провизијата ќе се плати пред повлекување на првите пари од Ексим банката.
Парите од кредитната линија се обезбедуваат со камата од 3,25 отсто, 15 години отплата и 3 години грејс-период, реализацијата ќе се спроведува од развојната банка, а на крајните корисници средствата ќе им бидат достапни преку комерцијалните банки во земјава. Владата најави дека 250 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка на домашните компании, а 250 милиони за инфраструктурни проекти за општините.