Законот што го менува балансерот помина на влада
Во администрацијата ќе се вработуваат компетентни кадри од сите етникуми, со предност на кандидатите според мерит системот за заслуги и вредности. Ситем кој е темел на предлог законот за правична застапеност.
Регулативата произлезе откако Уставниот суд го укина Балансерот што беше алатката за вработување според етничката припадност во државните институции. Предлогот помина на владина седница, премиерот Христијан Мицкоски го оцени како добар вели дека уште од првиот ден од преземање на власта се работи на промени кои што не делат туку обединуваат.
Вицепремиерот и лидер на ВРЕДИ пак Изет Меџити вели дека овој закон претставува историски момент, со кој ќе бидат опфатени сите етнички заедници, со овој закон нема да има дискриминација напротив ќе кандидатите ќе се бираат по заслуга и подготвеност.
Од ДУИ со остра реакција за предложениот закон велат ова е обид уставната обврска да се претвори во административна фарса
ДУИ
Ќе се искористат сите институционални и демократски механизми за да се блокира оваа намера да се замени еднаквоста со празна симболика. Ги повикуваме сите пратеници од редовите на етничките заедници да не станат соучесници во легализацијата на дискриминацијата. Ова е моментот кога треба да се заштитат уставот, мировниот договор и самиот меѓуетнички соживот во државата.
Кога уставен донесе одлука да се укине Балансерот се појасни дека алатката веќе била исцрпена и се повредуваат уставните одредби за слобода на изразување на националната припадност, достапноста на кое било работно место, како и забраната за дискриминација. Додека пак предлогот за правична застапеност пред да влезе во собраниска процедура ќе де испрати на мислење и до венецијанската комисија, по што ќе има јавна дебата за истиот.
Инаку во законот е предвидено идентификацијата за припадноста на етникум ќе биде со лични документи лична карта или пак патна исправа, со новиот предлог при вработување припадници на етничките заедници во институциите, ќе се земаат во предвид и релевантни податоците од последниот попис,односно резидентното население.